Вести Македонија Најважни

Груби бил пуштен да избега или со незнаење или со намера, обвинува СДСМ и тврди дека полицаецот кој го пропуштил бил личен избор на Тошковски

Она што вчера СДСМ го објави во јавноста за случајот со бегството на Груби, се потврди како целосна вистина за неполни три часа по нашата прес конференција. Факт е дека полицијата не си ја завршила работата и Тошковски не е никаков херој туку неспособен министер. Но, она што денес ќе го откриеме ќе отвори сериозен сомнеж дека не станува тоа збор за пропуст, туку координирана акција за пуштање на Груби. Ова е скандал од епски размери за кој Тошковки мора итно да излезе и да ја каже вистината, а потота да си поднесе оставка, изјави на денешната прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

„Имено, прва вистина за која молчи Тошковски е дека целосно потфрлила контролата на Блаце поставена на кружниот тек, три дена пред бегството. Зошто Тошковски молчи дека тие полицајци немале насока и не знаеле кого треба да чекаат и проверуваат? Дали се намерно оставени без никаква насока и со тоа не знаеле каква контрола треба да направат? Дали ќе се одважи Тошковски денес да одговори на ова прашање?

Но она што денес ќе го кажеме е директно поврзано со најавите за суспензијата на двајцата полицајци на Блаце за кои вчера МВР имаше официјално соопштение. Едното од лицата, лицето Б.Ј. чиј идентитет засега нема да го откриеме, е внимавајте, службеник кој е поставен на таа позиција откако Тошковски станува министер. Значи по налог Тошковски, Б.Ј е прераспределен на позиција контрола на граничен премин иако претходно извршувал друга работна задача неповрзано со контролата на граничните премини.

Ова значи дека човекот кој го има пропуштено Груби е негов личен избор за таа позиција. Го прашуваме Тошковски, дали е вистина дека токму од причини за да може да врши вакви дејствија Б.Ј е поставен на оваа позиција?

Да се потсетиме, по истата шема при бегството на терористот Блерим Рамадани, Тошковски ги обвини лицата кои го пропуштиле кои тој самиот ги назначил. За да е појасно, ако тогаш стануваше збор за избор на коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН, сега станува збор за лице кое е избор на Тошковски и ВМРО-ДПМНЕ.

МВР вчера соопшти дека се изречени суспензии за двајцата полицајаци. Но, внимавајте што се случува, полицаецот Б.Ј истиот ден откако го пропуштил Груби земал боледување. Со тоа, де факто не може да биде суспендиран се додека му трае боледувањето. Зошто Тошковски лаже дека се суспендирани кога тоа не е направено? Дали сака да го заштити, или пак чека да се забоошоти целата ситуација?

И зошто не е поднесена кривична пријава против полицајците туку наводна суспензија кога станува збор за дело за кое може да се поднесе кривична пријава?

Понатаму, до кога ќе удира Тошковски по самарот во услови кога тој лично и целата акција која ја предовдел затаила, или како што се соменваме, е намерно изведена така за да се пропушти Груби. Кога тој ќе поднесе одговорност за сите скандали кои му се случуваат?

Јавноста чека одговори и чесност министре, ако сте доблесен ќе си поднесете оставка“, вели Богданка.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ОЈО бара притвор за лицето осомничено за подметнување на пожарот во Ѓорче Петров

Дејан Дејан

Два огнени крака, еден кон Николиќ, другиот кон Ѓопчеле – силен ветар го разгоре пожарот во дојранско

Дејан Дејан

Независните бараат од 20 до 100 потписи за кандидирање во општина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе