Вести Македонија Најважни

Загаденоста на воздухот е голема во сите поголеми македонски градови

Аерозагадувањето во Скопје и утрово е високо. Главниот град се најде на 15-то место на листата најзагадени градови во светот со индекс на загадување 112.  Утрово измерени се 40,1 микрограм на метар кубен ПМ 2,5 честички и 52,6 микрограми ПМ 10 честички. Воздухот е обележан како нездрав, особено за ранливите категории граѓани.

Според апликацијата Ај Кју Еар, нивото на ПМ 2,5 честичките е осум пати над дозволената граница поставена од СЗО. Ништо поразлична не беше ситуацијата и при синоќешните мерења покажуваат, податоците од платформата на Министерството за животна средина, според кои загаденоста на воздухот со ПМ10 честичките покажа нивно двојно и тројно зголемено присуство.

Во Скопје на сите мерни места загаденоста на воздухот беше поголема од максимално дозволените вредности. Од другите градови високи концентрации со ПМ10 честичките во воздухот регистрирани се и во Кавадарци, Кичево, Битола, а високи беа и вредностите во Струмица, Куманово, Охрид, Гостивар.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Блупринт групата бара темелна истрага за загадувањето на водата

Kristina Kuzmanovski

Мицкоски: Од опозицијата зависи дали ќе има нови обиди за носење на Изборниот законик

Kristina Kuzmanovski

Рокас: Владеењето на правото клучен предуслов за успешна евроинтеграција

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе