Поранешната антикорупционерка Билјана Ивановска тврди дека само транспарентност може да ја спречи корупцијата.
Во нејзиниот мандат било побарано од Собранието јавно да ги објави досиејата на сите именувани и назначени директори со што на увид ќе биде ставена целата нивна биографија односно што завршиле како образование и кои сертификати ги поседуваат.
Така според неа тешко кој ќе се осуди да аплицира со фалсификувани документи.
Доколку се докаже дека сертификатот за англиски јазик на директорот на АНБ, Христовски, е спорен одговорност треба да сноси и тој и оној кој го назначил.
