Во чест на основањето на Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО) во 1893 година во Солун Македонија денеска го одбележува Денот на македонската револуционерна борба.
Организацијата имала за цел да извојува автономија за Македонија преку револуционерна борба, а кулминацијата на нејзината активност била Илинденското востание во 1903 година.
Основачите, меѓу кои Христо Татарчев, Даме Груев и Антон Димитров, ја започнале агитацијата меѓу младите во Солун, создавајќи кружоци и конспиративни групи.
Набргу, тие формирале месни комитети и започнале со создавање вооружени чети.
Денеска, ќе биде доделена и државната награда „23 Октомври“.
Оваа година, наградата ќе ја добие поетот Славе Димоски, за неговите значајни остварувања во науката, културата и образованието.
