Нема повеќе вработувања по етнички клуч. Мнозинството уставни судии одлучија дека, таканаречениот го повредува уставно загарантираното право на работа и слободен избор на вработување. Одлуката е укинувачка, а не поништувачка, така што сите што досега се вработиле според оваа алатка, остануваат на работа. На законодавецот му се дадени насоки, како понатаму да се нормира прашањето за правична застапеност. Претседателот на Уставниот суд ги отфрли обвинувањата дека со ова судиите укинале право на етничките заедници.
При градењето на одлуката, судиите ги земале ставот и загриженоста во извештајот на Европската комисија и пресудата на Врховниот суд на Америка, и случајот „Студенти за фер прием против Универзитетот Харвард„.
Костадиновски побара од политичарите да ги почитуваат одлуките на судот, а не да ги политизираат и етнизираат. Клучните принципи на правичната застапеност, вели, се нееднаквост во нееднаквоста и нееднаквост во еднаквоста. Со оглед на тоа, кој ќе се примени, двата даваат различни резултати.
За обвинувањата дека одлуката се поклопува со ветувањето од програмата на владејачката партија, дека Балансерот ќе биде укинат, претседателот на Уставниот суд потсети дека иницијативата е поднесена од државен орган, Антикорупциската комисија, во јануари, кога други беа на власт.
Сепак, од ДУИ и денеска упатија обвинувања.
Од Уставниот суд најавија и дека во декември ќе расправаат и за Законот за јазици, за кого иницијативата за оценување на уставноста со години се чуваше во фиока.
Далиборка Демјанска
