Вести Македонија

ТРАГЕДИЈА ВО СЛАТИНО: Безживотните тела на мајката и ќерката се најдени во кревети

На кревети и како да спијат, двете тела на мајката и 4-годишната ќерка се најдени во куќата каде што живееле од страна на мајката на починатата жена (баба на девојчето).

Живеалиштето било со супстандардни услови за живеење. Според првичните информации, таткото и мајката биле лица со посебни потреби.

Семејството кое е погодено од големата трагедија што ја потресе Македонија, има две деца. Починатото девојче кое имало 4 години и момче кое откако е пронајдено е префрлено во тетовската болница, па потоа на некоја од скопските клиники, бидејќи не одговарало на прашањата. Момчето нема повреди.

Телата на двете починати, мајка и ќерка, се префрлени на обдукција за дасе утврди причината за смртта. Првично, немало знаци на насилство на нивните тела кои се најдени на два кревети во нивниот дом.

Таткото по првична помош во болницата во Тетово е преземен и со полициско возило е префрлен во полициската станица во Тетово во рамки на истрагата.

Досега нема никаква официјална причина или информација за тоа како се случила трагедијата.

Во вестите на Телма во 21:30 од Тетово се јави Данијела Билбиловска.

Сопругот на жената од Слатино, која заедно со ќерката беше пронајдена мртва во нивниот дом, однесен е во тетовската полиција

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Намален бројот на работници во индустријата

Kristina Kuzmanovski

Израел и Либан донеле одлука за примирје на целата либанска територија

Kristina Kuzmanovski

Германија за првпат не успеа да освои непостојано место во Советот за безбедност на ОН

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе