Вести Македонија Најважни

ЦУК: Пожарот во станбената зграда во Чаир сè уште активен

Пожарот кој вчера утрото избувна во станбена зграда во Чаир сè уште е активен соопштуваат од ЦУК. Борбата на пожарникарите за гасење на пожарот во подрумски простории траеше во текот на целата ноќ. На помош било повикано и специјално противпожарно возило на Армијата.

Гаснењето на пожарот се одвиваше отежнато поради големата количина на чад и високата температура во подрумите во кои била складирана поголема количина на запаливи материјали. Легени, кофи, пластични чинии, чаши, играчки, саксии сè само дел од предметите кои се наоѓале во магацинот кој беше зафатен од пламените јазици.

Запалената пластика предизвика многу високи температури кои сериозно ја оштетија бетонската конструкција на зградата, а тоа значи дека е нарушена и статиката на целиот објект.

Вкупно 43 лица се хоспитализирани по пожарот во зграда во Чаир што избувна вчера утрото. На Клиниката за токсикологија биле примени 31 пациент, од кои пет се задржани на болничко лекување. На Детската клиника биле примени 12 деца, од кои две се задржани на лекување. Сите пациенти се во стабилна состојба.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Украина и Русија ослободија по 185 затвореници во последната голема размена

Дејан Дејан

Зеленски: Путин одбивајќи средба избира војна

Дејан Дејан

Тилев и Стојковски: Македонија треба да инсистира на „front-loaded“ пристап во преговорите со ЕУ, но клучот е во уставните измени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе