Uncategorized Вести Македонија Најважни

100тина луѓе се евакуирани, над 40 побарале лекарска помош заради вдишување на чад – пожар избувна во подрум од зграда во Чаир

Десетици граѓани на кровот на зградата ја чекаа корпата на противпожарниот кран за да може да се спуштат на сигурно.

Низ ходниците не можеа бидејќи биле полни чад додека пожарникарите уште се бореа со огнот во подрумска просторија.

Тричлено семејство успешно се спушти, а детето по евакуацијата го зеде неговиот татко. Со кран од кров се евакуирани повеќе од 60 жители на зградата, а останатите 40-тина од пониските катови успеале да се извлечат преку скалите.

Од два часот наутро кога бил пријавен пожарот до евакуацијата помош побарале 7 жители. Но потоа откако беа спуштени од кровот уште најмалку 35 луѓе, од кои 12 деца, побарале помош на Токсикологија и на детската клиника.

Пожарот бил опасен, велат од скопската противпожарна бригада.

Пожарникарите морале да се пробиваат кон подрумот низ натрупани и расфрлени предмети за да го гаснат огнот. Поради тој див магацин, пожарникарите цел ден се бореа со пожарот за да го изгаснат целосно. Еден од нив бил повреден по големо вдишување на чад.

Откако пожарот бил пријавен среде ноќ, првин реагирале пожарникарите од станицата Бит пазар кои веднаш повикале засилување.

Жителите или бегале кон излезот или се движеле нагоре поради густиот чад.

Итната помош веднаш била повикана и сите кои имале потреба ги носела во скопските болници. Улиците околу зградата беа блокирани за да овозможат полесен пристап на возилата за интервенција.

По гаснењето, полицијата и обвинителството ќе почнат увид и ќе отворат истрага за да утврдат како избувнал пожарот поради кој луѓе бегаа на кров и се спасуваа со кранот на пожарникарската бригада.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе