Вести Македонија

Владата одлучи да го укине онлајн коцкањето- платформата 2Win.mk ќе биде отстранета

Министерот за здравство Арбен Таравари преку Фејсбук соопшти дека владата на денешната седница ги забранила онлајн игрите на среќа и коцкањето преку интернет.

Одлуката е донесена откако Собранието протолкува дека лиценца за да организира онлајн коцкање има само Државна Лотарија.

Таравари објави дека е радосен поради тоа што „од денес во оваа држава се се забранува и се казнува онлајн коцкањето.“ Според министерот за здравство, единствените кои не се согласуваат со одлуката се некои поранешни функционери на ДУИ кои изградиле коцкарски империи со издавање на лиценци на српски и црногорски компании.

Претходно, законодавната комисија во Собранието утврди дека е оправдано бараањето за автентично толкување поднесено од коалицијата „Вреди“.

Во државата има вкупно 5 компании за онлајн коцкање, покрај Државна Лотарија, останатите 4 се во мешовита сопственост, Државна Лотарија има мнозински удел од 51%, но управувањето е во рацете на странскиот партнер. Државата наместо да наплати, вложуваше лиценца за онлајн коцкање додека странските партнери вложуваа пари како оперативни трошоци.

– Поради неправилности во работењето, пропусти и основани сомнежи за незаконско работење и постапување Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои информацијата во врска со потребата за престанување на Друштвото за приредување на електронски игри на среќа, Нова Државна видео лотарија НОВО ВЛТ ДОО – Скопје и друштвата за приредување интернет игри на среќа, Друштвото за приредување интернет игри на среќа Државна лотарија – МОЗЗАРТ ДОО Скопје, Друштвото за приредување интернет игри на среќа Државна лотарија – 77 БИТС ДОО Скопје и Друштвото за приредување интернет игри на среќа Државна лотарија – ВЕЗУВ ДОО Скопје, во кои содружник е Акционерското друштво за приредување игри на среќа, Државна лотарија на Република Северна Македонија и преземање активности за отстранување на платформата 2Win.mk за приредување интернет (онлајн) игри на среќа на Друштвото за приредување на игри на среќа, Државна видео лотарија на Република Македонија – КАСИНОС АУСТРИА ДОО – Скопје, соопштија од владата.
Владата го задолжи Друштвото за приредување на игри на среќа, Државна видео лотарија на Република Македонија – КАСИНОС АУСТРИА ДОО – Скопје да ги преземе потребните активности за отстранување на платформата 2Win.mk за приредување интернет (онлајн) игри на среќа од глобалната интернет мрежа, согласно Автентичното толкување на членот 7 ставови (2), (3) и (4) од Законот за игрите на среќа и забавните игри.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарите се приближуваат до Бордо, евакуирани стотици илјади луѓе

Kristina Kuzmanovski

Забрана за пиење вода во Булачани, СДСМ бара итни анализи

Kristina Kuzmanovski

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе