Вести Македонија Најважни

Ги нема ознаките за пониски цени- мерката е на сила, но нема поевтинување

Од денес треба да има намалување од околу 10 отсто на над  70 прехранбени производи кои се дел од есенската потрошувачка кошница, но во денешната обиколка во маркетите која ја направи Телма можеше да се види дека доста маркети сè уште ја немаа ставено ознаката „помалку трошоци, повеќе за тебе“ која требаше да стои пред производите кои поевтинуваат. Пазарна им даде рок тоа да го сторат до крајот на денот, во спротивно ќе бидат казнети.  Граѓаните пак се жалат дека уште пред да стапи на сила мерката за ограничување на маржата, трговците ги покачиле цените.

„Не забележав воопшто никакво намалување“, вели граѓанка.

„Денеска малку пазарев, но сепак не забележав никакво намалување“, вели жителка.

„Ништо нема намалено. Ги прашав зошто е тоа така ми кажаа одлуката не била објавена во Службен весник“, додава жителка.

Дел од граѓаните реагираа и на тоа дека пред да се донесе мерката некои трговци ги поскапеле производите и дека тоа е пракса која често се повторува кога треба да се донесе ваква одлука.

Истото го потврдија и од ССМ.

„Трговците во текот на месецот ги искористија најавите за воведување на ограничени маржи или цени за да ги зголемат цените на основните прехранбени производи пред објавување на одлуката на Владата во Службен весник и на тој начин дополнително да се збогатат и да си осигурат зголемени цени и во наредниот период, односно за време на траењето на одлуката за ограничени маржи на штета на граѓаните и работниците во Mакедонија“, соопштија од ССМ.

 Од пазарна уверуваат дека секој кој ќе се обиде да манипулира нема да биде поштеден.

„Државниот пазарен инспекторат е подготвен со своите екипи од утре па натаму да постапува со проверки и онаму каде што има потреба и санкции. Казните за тие што нема да ги почитуваат правилата по закон за трговија се движат од 2 до 10 илјади евра, а доколку некој се обиде да манипулира и да прави злоупотреби ќе се постапува по Законот за потрошувачи со кој има можност за затворање на објекти“, соопштија од Државен пазарен инспекторат.

Цените на оние производи кои се дел од есенската потрошувачка кошничка треба да останат намалени до 31 октомври. А овие денови се очекува да стапи на сила и Законот за нефер трговски практики со кој 2.500 производи дополнително ќе се намалат.

Инаку според последните податоци на ССМ на едно четиричлено семејство да го истурка месецот му се потребни над 1.000 евра. Најголем дел од трошоците се за храна и пијалаци 23.034 денари, каде има скок од 717 денари во однос на претходниот месец.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВЛЕН: Дали случајот со водата во Гостивар излегува како случајот со канализацијата во Зајас?!

Дејан Дејан

СДСМ: Организираната криминална група ВМРО ќе ја отруе цела Македонија

Дејан Дејан

Водата во Крушево не е бактериолошка исправна – Центарот за јавно здравје Прилеп препорачува да не се користи за пиење

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе