Вести Најважни Свет

(ФОТО + ВИДЕО) Централна Eвропа се соочува со катастрофалните поплави

Поројниот дожд продолжува да ги полни реките низ Централна и Источна Европа.

Дел од нив се излеаа од своите корита и поплавија голем број градови. Илјадници луѓе останаа без електрична енергија, а во голем број населени места се спроведува евакуација на населението.

Најпогодени од циклонот Борис кој го зафати регионот се Романија,Чешка и Полска, каде веќе се регистрирани и првите жртви.

Властите во овие земји го повикаа населението кое е погодено од поплавите да се евакуира на повисоките места и да соработува со спасувачките екипи.

Водата се приближува. Ако се излее, ќе видиме колку вода може да задржи паркот, во спротивно ќе бидеме поплавени сè до стадионот, вели Радим Високи, локален жител.

Нивото на водата во реките во Полска се зголемува и ќе продолжи да расте поради обилните врнежи.

Најтешка е ситуацијата во југозападните и западните делови на земјата, каде нивото на тревога е надминато – покажуваат податоците на Институтот за метеорологија и управување со водите.

На сила е највисокото ниво на хидролошки предупредувања.

Четири реки кои доаѓаат од Чешка претставуваат голема закана. Она што се случува во Чешка, нивото на водата таму, врнежите е од клучно значење, за тоа што ќе се случува неколку часа подоцна на полска страна, вели Томаш Сиемониак, министер за внатрешни работи на Полска.

Бурата Борис вчера се покажа како смртоносна и во Романија, каде четири лица загинаа за време на поплавите во југоисточниот регион Галаци.

Поплавата ја погоди областа сред ноќ. Очајни, луѓето се засолниле на таваните на своите домови. Постарите и беспомошните поминаа најтешко.

– Колку долго сте таму горе, госпоѓо?

 – Додека не излеговме од дома.

– Имате ли некој овде?

Немам никој, сама сум.

Во Слобозија Коначи десетици луѓе останаа заробени во своите домови.

– Бабо, дај ми ја раката! Полека, полека! Подигнете ја. Да, носете ја, нема друг начин. Таа не може да оди. Невозможно е… Сè уште има луѓе, но до нив можеме да стигнеме само со моторен чамец.

 

– Тие се на таванот, се искачија таму. Еден е дури и на покривот, раскажува еден жител.

– Постојано се јавував, тие рекоа дека доаѓаат со бродот, но никој не се појавува, сведочи жителка на Коначи .

Екстремните врнежи стануваат се почеста појава во Европа, како и во поголемиот дел од светот, поради климатските промени. Потопла атмосфера може да задржи повеќе влага, што може да доведе до пообилни врнежи.

Бурата Борис веќе донесе екстремни количества дожд низ централна и источна Европа, со нови поројни дождови во прогнозата барем до крајот на понеделник.

Во некои од погодените делови за три дена наврнале 288 мм дожд, воден талог кој во нормални временски услови би наврнал за време од три месеци.

Александар Петрески

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Аневска во Телма интервју: Скопјани пијат безбедна вода – изворот Рашче е хемиски стабилен, се прават 20.000 анализи годишно

Дејан Дејан

Започна хиперхлорирање на водводот во Гостивар

Kristina Kuzmanovski

Маѓар најави истрага за заемот од 1 милијарда евра од „Ексимбанка“ за Македонија

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе