Вести Македонија Најважни

МНР ќе бара објаснување од бугарскиот амбасадор за постапката на Радев

Објаснување, зошто бугарскиот претседател Радев ја повикал Сиљановска да се фотографираат пред бугарското знаме, а притоа не е ставено и македонското, ќе се бара преку бугарскиот амбасадор, кој утре е повикан на разговор во МНР.

Од министерството не откриваат дали притоа ќе му биде врачена и протестна нота за постапката која предизвика бурни реакции во македонската јавност.

Од кабинетот на Сиљановска тврдат дека, се` се случило наеднаш, Радев бил тој што иницирал да се фотографираат заедно, претходно не било договорено заедничко фотографирање кај знамињата во претседателската вила во Софија.

Во нивната реакција се вели и дека, „средбата и заедничкиот ручек поминале во извонредно пријателска атмосфера и сакаат да веруваат дека се работи за протоколарен превид, а не за намерна постапка и отстапка од договореното„.

Македонско знаме немаше ниту на средбата меѓу министрите за култура, но и за двата инцидента засега нема објаснување од  бугарските институции.

Денеска повторно се огласија и од опозицијата, за кои реакцијата на кабинетот на Сиљановска само потврдува дека владата и претседателот на државата ги лажат граѓаните.

Средбата на двајцата претседатели беше неофицијална,но дипломатите укажуваат дека, за каква средба и да се работи,освен ако се сретнале случајно во кафуле, протоколот е јасен и знамиња на  двете држави мора да има, макар тие биле и мали.

Далиборка Демјанска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Подолго време е потребна претпазливост во Гостивар, не знаеме што сè има во фекалното загадување, советуваат инфектолозите

Sasko Dimovski

Почина филмската и музичка ѕвезда Оливера Катарина

Дејан Дејан

ЈП „Паркови и зеленило“ не исплаќа оштета за ветер посилен од 60км/ч – како се наплатува осигурување за оштетени автомобили во невремето

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе