Вести Македонија Најважни

Политички фолклор: И понуда и 10 принципи и одговор- од што зависи сплотеност на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Десетте принципи на Мицкоски на маса пред опозицијата: СДСМ реагира дека токму ВМРО-ДПМНЕ блокира и како опозиција и власт и шири навреди и лаги наместо аргументи. За експертите и понудата и одговорот се во графата политички фолклор.

Уште еден празник, голем национален и државен, помина, а премиерот Мицкоски ја искористи шансата и во говор побара соработка од опозицијата која според него требало да се декриминализира.

Но, за разлика од Германија каде сестринските партии на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, не се двоумеа заедно да бидат во влада во интерес на државата- кај нас и понудата и одговорот се само политички фолклор кој постојано се повторува, вели аналитичарот Благојче Атанасоски.

Утрово после празникот први се јавија од ВМРО-ДПМНЕ, ги повторија зборовите на лидерот од прославата и побараа опозицијата да ги прифати десетте принципи на Мицкоски, но прво СДСМ да се реформира и како што велат „да се исчисти од криминалот“.

Токму поради ваквите зборови на Мицкоски но и на владеачката партија, од Бихаќка одговорија дека единство и сплотеност не се гради со лаги и навреди туку со аргументи. Тие го обвинија Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ дека едно зборуваат, а друго прават.

Наместо правна држава се залагаат за сопствена неказнивост, наместо ЕУ пат работат спротивно на интеграција, наместо департизација ги шиканираат оние кои не се за нив, обвинуваат од опозицијата по говорот на премиерот.

-Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е државничка партија, не е и нема да биде деструктивна опозиција како што беше ВМРО-ДПМНЕ. Ние нема да блокираме мерки и закони во Собранието ако се добри за граѓаните, нема да го блокираме европскиот пат на државата, нема да подгреваме меѓуетнички тензии и поделби. Време е ВМРО-ДПМНЕ да созрее и го прифати овој начин на водење политика, па тогаш ќе имаме можност за национално единство и политички консензус. Но, за тоа е потребно лидерство, одговорност и подготвеност да се стави националниот интерес над партискиот. СДСМ докажа дека тоа може да го направи, но ВМРО-ДПМНЕ тоа допрва треба да го научи, реагираа од СДСМ по што добија нова реакција од партијата на Мицкоски.

Мицкоски пак вчера испрати понуда до опозицијата, пред се до СДСМ да ги прифати неговите 10 принципи и да создадат единство и сплотени да работат. Соработката досега не се остварувала иако имале шанси, како во техничките влади, анализира Атанасовски.

Понудата до опозицијата од јавна сцена стигна од премиерот за Денот на независноста. Мицкоски за СДСМ оцени дека треба да престане старата пракса кога се на власт да тргуваат со слободата и државноста на народот, а во опозиција да ги ставаат личните и партиски интереси пред  националните.

Во салата пак немаше претставници на опозицијата, а немало ниту покана да присуствуваат на прославата на Денот на независноста на која беше испорачана поканата.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран и Ирак потпишаа договори за соработка во областа на транспортот, финансиите и енергетиката

Дејан Дејан

Бела куќа: Саудискиот нуклеарен договор бара нормализација на односите со Израел според Абрахамскиот договор

Дејан Дејан

(Видео) Два ер трактори и два пинцгауери го гаснат пожарот кај Копаница

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе