Премиерот Мицкоски да открие пред обвинител кој и како се обидел да го поткупи во тендерот за пругата кон Бугарија, повика опозицискиот лидер Венко Филипче. Тој истакна дека коридорот 8 е важен НАТО коридор и обвинувањата за сериозни теми треба да бидат пријавени во институции а не на прес конференции.
Филипче нема информации дали непристојни предлози за поткуп доаѓале и до функционерите на претходната влада предводена од СДСМ со оглед на тоа што тендерот беше распишан во декември лани.
Тоа што премиерот го изјави на прес-конеференција е многу сериозно. Зачудува што тој изјавува, а ниту една друга институција за тоа нема информација, нема информација ОЈО, нема информација ДКСК. Инстистираме ОЈО да отвори постапка, а премиерот да ги каже сите информации, зашто ако тоа не се случи, тој е на некој начин соучесник во тоа. Го осудувам тој пристап на самокористење на говорницата и ПР пораки за некакви сериозни работи, рече филипче.
Мицкоски кој неделава го обелодени обидот за поткуп рече и дека тоа не одело транспарентно и со докази туку преку канал за комуникација, со совет а тој ги информирал институции кои што треба да бидат информирани.
Два дена подоцна дена министерот за транспрт Николовски пак обајави дека ќе повлечат членовите евалуационите комиси и откри дека на тендерот се пријавиле седум учесници од кои најголем дел се несериозни.
На сето ова претходеа и владини изјави за можноста парите од овој проект да бидат пренаменети за коридорот 10 односнио за пругата конс Солун.
Телма вчера објави и одговор од Делегацијата на ЕУ во Скопје според кој Европската унија и европските банки внимателно го следат тендерот за пругата кон Бугарија и повикуваат сите важни одлуки да се носат во консултација со нив.
Потенцираат дека проектот е од клучно значење и ја поддржува Макеоднија да го комплетира. Дополлнитлено објаснуваат и дека средствата од европските банки и грантот од Унијата се наменети за коридорот 8 и не е предвидена нивна пренамена.
Елена Ивановска Мукоска
