Вести Македонија Најважни

Филипче: ОЈО да отвори постапка, а премиерот да каже кој му нудел поткуп

Премиерот Мицкоски да открие пред обвинител кој и како се обидел да го поткупи во тендерот за пругата кон Бугарија, повика опозицискиот лидер Венко Филипче.  Тој истакна дека коридорот 8 е важен НАТО коридор и обвинувањата за сериозни теми треба да бидат пријавени во институции а не на прес конференции.

Филипче нема информации дали непристојни предлози за поткуп доаѓале и до функционерите на претходната влада предводена од СДСМ со оглед на тоа што тендерот беше распишан во декември лани.

Тоа што премиерот го изјави на прес-конеференција е многу сериозно. Зачудува што тој изјавува, а ниту една друга институција за тоа нема информација, нема информација ОЈО, нема информација ДКСК. Инстистираме ОЈО да отвори постапка, а премиерот да ги каже сите информации, зашто ако тоа не се случи, тој е на некој начин соучесник во тоа. Го осудувам тој пристап на самокористење на говорницата и ПР пораки за некакви сериозни работи, рече филипче.

Мицкоски кој неделава го обелодени обидот за поткуп рече и дека тоа не одело транспарентно и со докази туку преку канал за комуникација, со совет а тој ги информирал институции кои што треба да бидат информирани.

Два дена подоцна дена министерот за транспрт Николовски пак обајави дека ќе повлечат членовите евалуационите комиси и откри дека на тендерот се пријавиле седум учесници од кои најголем дел се несериозни.

На сето ова претходеа и владини изјави за можноста парите од овој проект да бидат пренаменети за коридорот 10 односнио за пругата конс Солун.

Телма вчера објави и одговор од Делегацијата на ЕУ во Скопје според кој Европската унија и европските банки внимателно го следат тендерот за пругата кон Бугарија и повикуваат сите важни одлуки да се носат во консултација со нив.

Потенцираат дека проектот е од клучно значење и ја поддржува Макеоднија да го комплетира. Дополлнитлено објаснуваат и дека средствата од европските банки и грантот од Унијата се наменети за коридорот 8 и не е предвидена нивна пренамена.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Угостителите во Гостивар преминаа на пакувана вода, пластичен прибор и хартиени чаши – утврди Агенцијата за храна и ветеринарство

Дејан Дејан

Им попречил пат, се заканувал и со нож им исекол гума од автомобилот – постапка против работник кој нападнал газди заради неисплатени дневници

Sasko Dimovski

Откако се скарале, татко без дозвола ѝ го зел 10-месечното бебе на сопругата во Гостивар и го однел во Швајцарија

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе