Вести Македонија

Се поизвесно е дека владата ќе удри потпис на планот за раст и очекуваните 700 милиони евра финансиска помош за Македонија

Владата тврди дека не се откажала од идејата за распуштање на судсиот совет, но не го оспорува документот што го објави Телма. Според Планот за раст од 16 јули кој е потврден од Владата, стои дека – според новиот изменет закон ќе се менуваат само членовите на кои им е истечен мандатот.

До 16 Септември Реформска агенда за планот за раст треба и да го потпишат премиерот и министерот за евроинтеграции во Брисел. Со планот е предвидено ЕУ да ги финансира предложените проекти со грантови и заеми од 700 милиони евра – пари кои државата ќе ги добие во зависност од исполнување на договорените реформи. Доколку владата остане на ставот за распуштање на советите може да не го потпише планот но за сега нема такви информации.

И од ВМРО-ДПМНЕ го повторија истиот став дека не се откажуваат од распуштање на советите.

Распуштањето на советот е мерка од која не се откажуваме впрочем тоа беше и наше ветување пред граѓаните кое доби поддршка. Во меѓувреме треба да се има во предвид дека отпорот за ваквиот чекор е најголем од тие на кои им служи трулиот судско обвинителски систем и на кои им одговараат институциите под 2 проценти доверба, рече БОјан Стојановски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ реагираа дека  владата е фатена во нова лага бидејки се согласила да нема распуштање на Судски совет.

Документот е дел од преземените обврски од реформската агенда за Планот за проширување и медиумите веќе ги објавија овие делови со кои се согласила Владата на Мицкоски. По кој пат Мицкоски дома кажува едно, а надвор прави друго? Или пак е решен да не планира да го спроведува Договорот со Европската комисија и да се откаже од реформите, прашуваат од СДСМ. 

Во 40-те препораки на Оценската мисија на ЕУ не е предвидено распуштање на советот а дека ЕУ е против оваа мерка директен беше евроамбасадорот Гир кој посочи дека тоа ќе значи мешање во независноста на судството и ќе предизвика загриженост.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Организацијата Трамп ќе произведува златни телефони – експертите скептични

Дејан Дејан

Израел ликвидирал уште еден висок ирански воен офицер

Дејан Дејан

Мицкоски со порака до Радев – докажете дека немате нови услови

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе