Вести Македонија Најважни

(ВИДЕО) Рекордни 66 пожари во текот на вчерашниот ден, во моментов активни се 12

Во текот на вчерашниот ден избиле рекорден број на пожари на отворен простор, дури 66. Од нив успешно се изгаснати 51, информира Центарот за управување со кризи.

Од таму додаваат дека во моментов 3 се ставени под контрола, а 12 се се уште активни.

Во моментов најкритичен е пожарот кај с.Негрево, Пехчево. Во моментов таму се интервенира со три хеликоптери, а од утрово во опасност да бидат зафатени од огнената стихија се првите куќи.

Градоначалникот побара помош од сите кои се во можност да дадат свој придонес во справување со стихијата.

Во моментов се апелира до граѓаните да не се користи водата од водоводниот систем за наводнување бидејќи е потребна за гасење на пожарите, а за граѓаните распоредени се цистерни со вода.

Гори и во Општина Старо Нагоричане: с.Малотино, с.Враготурце, с.Жегљане, Општина Кратово: с.Татомир се шири кон општина Куманово и општина Свети Николе, Општина Македонски Брод с.Тажево – с.Брезница – Крак кон Јасен кон Раставувачи за струја, Општина Свети Николе с.Макреш, с.Горно и Долно Ѓуѓанци, с.Строиманци, с.Ранченци, Општина Свети Николе над с.Ерџелија, с.Немањци, с.Малино, Општина Куманово, с.К’шање – с.Кокошиње, Општина Пробиштип, с.Зелениград – с.Јамиште, Општина Дојран, помеѓу Стар и Нов Дојран, нас.Карач, Општина Македонски Брод кај с.Слатина, Стојанова населба, Општина Пласница, с.Пласница проширен кон с.Латово, Македонски Брод и Општина Карбицни, с.Долни и Горни Балван, с.Трогерци

Под контрола се ставени пожарите кај Општина Демир Хисар, Илинска Планина, Општина Кочани, с.Главовица кон с.Пресека и Општина Старо Нагоричане, с.Ругинце , с.Коњух, м.в.Кшала.

ЦУК повика Меѓународна помош обезбедена со ЕУ механизмот на цивилна заштита. Утрово на скопскиот аеродром од Србија пристигна 1 хеликоптер. Чешка испраќа еден хеликоптер кој треба да пристигне вечер и 2 ер трактори од германија кои треба да пристигнат во наредниот период.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(фото)Четири дена по силното невреме Скопје сè уште ги санира последиците – Најголеми штети има во Градскиот парк, како и Карпош и Аеродром

Дејан Дејан

(видео)Димитриевски: Советниците и пратениците кои станаа независни треба да го вратат мандатот

Дејан Дејан

(видео)Оштетена железничката инфраструктура – од електровлечната подстаница Драчево украдена опрема вредна пет милион евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе