Вести Македонија Најважни

Се очекува позитивна нула или намалување на цената на парното – РКЕ утре ќе донесе одлука

Позитивна нула или намалување на цената парното се очекува, според информациите на Телма и покрај барањата на компаниите за нејзино зголемување. Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) треба утре да ја донесе одлуката за новата цена на парното, која ќе важи од 1 август. Прес-конференцијата е закажана напладне.

Освен ЕСМ продажба и ЕСМ Енергетика, сите други компании за топлинска енергија бараат да има до 50 отсто поскапување на парното. Но, цената на гасот годинава е пониска од лани и се зависи од пресметките на Регулаторна.

Повеќе нема да има ниту субвенции за топлинска енергија. Субвенционирана цена сега е за околу 20 отсто.

Градско парно користат околу 60.000 домаќинства. Најголем дел од нив, односно 90 проценти се снабдуваат преку ЕСМ, а остатокот го добиваат преку топланата „Скопје Север“ и Енергетика.

Но, каква ќе биде услугата оваа зима е клучното прашање, бидејќи сè уште не е поставен новиот топловод на мостот „Беласица“, кој беше опожарен пред повеќе од една година. Од ЕСМ на прашањето што се случува со топловодот не дадоа конкретен одговор.

Според информации на Телма, за да може ЕСМ да ги постави новите цевки треба да достави барање до ЗЕЛС, од каде, пак, треба да дадат дозвола, но државните електрани тоа сè уште не го направиле.

Првиот човек на регулаторна Марко Бислимовски веќе се пожали на овој проблем и оцени дека е добро што изминатите две зими беа релативно топли. Но, секако тоа што не се поставува топловодот влијае на испораката, а особено би имало проблем доколку се соочиме со пониски температури.

Ланската грејна сезона, сметките за парно скокнаа за околу 4 отсто. Пресметките тогаш беа дека на сметка од 1.000 денари, цената се зголемила за отприлика 40 денари. Од РКЕ апелираат и куќните совети пред стартот на новата грејна сезона да направат проверки на фактурите за електричната енергија во подстаниците.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе