Вести Најважни Свет

Дел од француската железничка мрежа и натаму во колапс – нормализација се очекува во понеделник

Француската железничка компанија СНЦФ соопшти дека серијата на инциденти што се случија во ноќта меѓу четвртокот и петокот влијаеја и сè уште влијаат на патувањата кон Лондон и назад, во Белгија и преку западот, северот и истокот на земјата. Францускиот премиер Габриел Атал изјави дека вандалите стратешки ги одбрале главните рути кон Париз, пренесува АП.

Железничкот оператор „Евростар“, кој нуди меѓународни услуги од лондонски Сент Панкрас соопшти дека секој четврти воз нема да сообраќа за време на викендот.

Четири возови од Лондон за Париз се откажани за денеска, што влијаеше на илјадници. Се очекува дека прекинот ќе трае до понеделник. Патниците се советуваат да го одложат нивните патувања, каде што можно такво нешто.

Само неколку места беа достапни за резервација на останатите линии на „Евростар“ од Лондон до Париз за денеска, додека билетите за ноќните автобуси кои утре претпладне ќе стигнат во француската престолнина се продаваа по 197 фунти преку „Фликсбас“.

Сообраќајот на француската мрежа на брзи железници се очекува во понеделник, изјави министерот за сообраќај на земјата домаќин на ОИ, Патрис Вержие, по саботажата на сигналните станици и кабли.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Локално население, грчки канадери, пожарникари и војници од АРМ го гаснеа пожарот во селото Николиќ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе