Вести Македонија

Притвор и обвинение за подметнат пожар на дива депонија во велешко, на подметнувачот му се заканува затвор до 5 години

(ФОТО Илустрација) Жител на велешко е обвинет за предизвикување општа опасност со намерно подметнување на пожар, соопшти денеска обвинителството. Станува збор за 25-годишен жител на Горно Оризаи кој е уапсен пред три дена.

-Обвинетиот 25-годишник, на 21 јули, на дива депонија во селото, со умисла предизвикал пожар, палејќи стари седишта од автомобил. Бидејќи местото било обраснато со сува трева, а на депонијата имало и бали суво сено и други предмети, огнот брзо се проширил. Со тоа обвинетиот предизвикал значителна опасност по животот и телото на луѓето и по имотот во околните села, велат од обвинителството.

Уапсениот за кого е баран и притвор ќе се гони за кривично дело по член 288 став 1 од Кривичниот законик. „Опасноста да биде предизвикана штета од големи размери со ваквите дејствија на обвинетиот е особено изразена со оглед на алармантната состојба со пожарите во околината на Велес и на територијата на целата држава“, соопшти обвинителството.

За делото, за кое се гони приведениот, предвидена е казна од 6 месеци до 5 години затвор.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарите се приближуваат до Бордо, евакуирани стотици илјади луѓе

Kristina Kuzmanovski

Забрана за пиење вода во Булачани, СДСМ бара итни анализи

Kristina Kuzmanovski

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе