Вести Најважни Свет

Хамас и Фатах потпишаа договор за национално единство

Високиот функционер на Хамас, Муса Абу Марзук, денеска објави дека неговата милитантна организација потпишала договор со други палестински групи, вклучително и ривалите Фатах додека бил во посета на Кина.

Денеска потпишуваме договор за национално единство и велиме дека патот до завршување на ова патување е национално единство. Ние сме посветени на национално единство и повикуваме на тоа, наласи Абу Марзук.

Лидерите на Фатах и ​​Хамас, како што претходно беше соопштено, утрово ќе се сретнат со медиумите во Пекинг, а ќе присуствува и кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји. На состанокот ќе бидат претставени вкупно 14 палестински фракции, објави кинескиот информативен канал CGTN на социјалните мрежи.

Палестинските фракции одржаа дијалог за помирување во кинескиот главен град на 21-23 јули.

Палестинските фракции на состанокот во Пекинг постигнаа договор за формирање влада на единство со цел формирање палестинска држава и ставање крај на окупацијата, пренесоа синоќа палестинските медиуми.

Во соопштението објавено на крајот од вчерашниот состанок, претставниците на различните фракции се согласија да формираат привремена влада на национално единство и да ги обединат институциите на Западниот брег и Газа, да започнат со реконструкција на Појасот Газа и да се подготват за одржување на општи избори што е можно поскоро.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Брутална ликвидација во Киев, на социјалните мрежи се споделува видео од убиството на Иван Воронич, клучниот човек на Зеленски

Дејан Дејан

Пожари во Чучер Сандево, Прилеп, Македонски брод, Дојран, Крива Палнка и Чашка

Дејан Дејан

Зачуван статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе