Вести Македонија Најважни

ДКСК бараат од Муцунски да ја преиспита одлуката на неговиот претходник Османи за доделување дипломатски пасош

Антикорупционерите бараат преиспитување на одлуката за дипломатските пасоши , министерството за надворешни работи допрва ќе одлучува дали ќе и биде одземен или не дипломатскиот пасош на претседателката Татјана Димитровска и дали останатите членови треба да добијат привилегирани патни исправи..

„На предметното барање од страна на тогашниот Министер за надворешни работи, позитивно е одговорено само за едно лице, односно за Претседателот на ДКСК. Во однос на останатите членови на ДКСК Министерот за надворешни работи и надворешна трговија ќе направи дополнителни консултации со цел да биде донесена соодветна одлука, односно дали постојат оправдани причини и тие евентуално да добијат дипломатски или службени патни исправи“, велат од МНР.

За антикорупционерите дипломатскиот пасош не е привилегија туку право за извршување на службената должност, за која тврдат дека никогаш нема да биде употребена за приватни цели.

„Ова право не си го доделува самата ДКСК туку законот кој го донел парламентот и министерот кој е овластен со процедура според законот. За да нема дилеми во јавноста и поради крајна транспарентност го повикуваме и новиот министер за надворешни работи да ја преиспита одлуката за дипломатските пасоши на ДКСК, а исто така и пратениците самиот закон доколку сметаат дека има потреба од тоа“, велат од ДКСК.

Претседателката Татјана Димитровска за Телма тврдеше и дека членовите на актуелниот состав не барале службени возила.

Ова е прв пат членови на антикорупциска да бараат вакви привилегии. Претходниот состав како што тврдат никогаш не побарале дипломатски пасош ниту пак имале службени возила, па дури и поранешната претседателка Билјана Ивановска на службени патувања во Брисел користела јавен превоз без да бара посебни услови.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе