Вести Најважни Свет

Ажурирањето на безбедносниот софтвер на уредите со „Windows“ и денеска причина за глобалниот пад во ИТ секторот

Одложувањата и откажувањата на летовите предизвикани од глобалниот пад на ИТ се очекува да продолжат и во текот на викендот.

Експертите предупредуваат дека ќе бидат потребни недели за засегнатите компјутерски системи целосно да се опорават.

Грешка во ажурирањето на фирмата за кибер-безбедност „CrowdStrike“ ја исфрли интернет конекцијата за многумина низ светот, предизвикувајќи стотици откажани летови, прекин на работа на банки, па дури и погодени болници.

Извршниот директор на „Crowd Strike“ Џорџ Курц се извини за инцидентот и предупреди дека ќе биде потребно „некое време“ за целосно обновување на системите.

Голем број аеродроми во Велика Британија, како што се Лондон, Гетвик и Хитроу, како и оние во Манчестер и Белфаст, ги предупредија патниците во наредните денови да проверат дали има доцнења и откажани летови пред да патуваат.

Портпаролот на аеродромот во Манчестер рече дека „чекирањето и пријавувањето кај погодените авиокомпании се врши рачно“, што доведе до голем застој и формирање на редици.

Најмалку 167 летови беа откажани вчера на аеродромите во ОК, а други беа одложени. Поради технички проблем откажани се и 171 лет што требаше да слетаат во Велика Британија.

Според компанијата за аналитика на воздухопловната индустрија Цириум, вчера беа откажани 5.078 летови ширум светот – или 4,6% од сите планирани летови за тој ден, вклучително и 167 летови кои полетуваат во ОК.

Британската Национална фармацевтска асоцијација предупреди дека прекините во фармацевтските услуги најверојатно ќе продолжат и во текот на викендот.

Дефектот предизвика прекин на „поголемиот дел од активностите на матичните лекари“, соопшти Националната здравствена служба на Англија. Низ целата земја, општите лекари пријавиле дека не можат да закажат состаноци или да пристапат до досиејата на пациентите поради пад на нивниот веб-систем.

Низ светот – банките, супермаркети и другите големи институции пријавија компјутерски проблеми кои ги попречуваат услугите, додека многу бизниси не можат да прифатат дигитални плаќања или да пристапат до клучните бази на податоци.

Индустрискиот експерт Адам Лејен Смит од Британскиот институт за информатичка технологија предупреди дека може да бидат потребни недели за целосно обновување на сите компјутери и системи.

Експертите ги предупредија корисниците да внимаваат на потенцијалните измами додека се обновуваат системите.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожар во отпад за старо железо – чадот го покри Скопје

Дејан Дејан

Орбан ја повика Урсула фон дер Лајен да поднесе оставка

Дејан Дејан

Повторно гори кај Блаце, сообраќајот во прекин, затворен и граничниот премин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе