Вести Најважни Свет

Бројни бурни реакции по нападот на Доналд Трамп

Бројни бурни реакции по нападот на Доналд Трамп. Најостро овој напад беше осуден и од неговиот противкандидат Џо Бајден. Тој се обрати на нацијата два часа по пукањето велејки дека нема место за ваков вид на насилство во САД. Повика на обединување на нацијата за осуда на овој чин. Тој истакна дека се моли за неговиот противкандидат и неговото семејство како и за сите оние на митингот.

Од Белата куќа информираа дека Бајден имал телефонски разговор со Трамп откако ја напуштил болницата.

,,Видете, во Америка нема место за вакво насилство. Болно е. Болно е. Тоа е една од причините зошто треба да ја обединиме оваа земја. Не можеме да дозволиме тоа да се случи. Не можеме да бидеме вакви. Не можеме да го одобриме ова. И така, и сакам да им се заблагодарам на Тајната служба и на сите агенции, вклучително и државните агенции, кои се ангажираа да се осигураат дека луѓето, а ние треба да дојдеме повеќе детали, во однос на другите повредени, други луѓе можеби повредени во публиката, ги немам сите тие детали” – истакна Бајден.

Остра осуда имаше од и светските лидери за нападот.Сите ги испратија своите најдобри желби и му посакаа побрзо закрепнување. Тие го подржаа со пораки на социјалните мрежи. Едногласно велат, политичкото насилство е неприфатливо.

„Моите мисли се со претседателот Доналд Трамп, жртва на обид за атентат. Му ги испраќам моите желби за брзо закрепнување. Гледачот загина, неколкумина се повредени, тоа е трагедија за нашите демократии. – истакна францускиот претседател Емануел Макрон

„Длабоко сум шокирана од пукањето што се случи за време на предизборниот митинг на поранешниот претседател Трамп. Му посакувам на Доналд Трамп брзо закрепнување и му изразувам сочувство семејството на невината жртва .Политичкото насилство нема место во демократијата“ – вели Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европската комисија

„Сара и јас бевме шокирани од очигледниот напад на претседателот Трамп. Се молиме за неговата безбедност и брзо закрепнување“. – потенцираше израелскиот премиер Нетанхају.

Загриженост изразија и гласачите во Калифорнија. Шокирани, велат не можеле да поверуваат дека вакво нешто се случило.

„Еден мој пријател навистина ми испрати порака и ми рече: Има пукање на митингот. А јас бев како – Не! Дали е добро Трамп? – истакна подржувачка на Трамп.

„Јас сум од Њупорт Бич, Калифорнија, а ова е земјата на Трамп. И се што знам е дека сигурно ќе победи сега. Ова нема да го урне. Мислам, шокиран сум што чамците не се надвор, и не се прави парада на Трамп, тоа е ужасно, и тоа е 100% војна против американскиот народ. – вели Дарлин Савоји, поддржувач на Трамп 

„Бев шокиран што се случи истото  како во минатото со другите претседатели. Знаете, мислев до сега, знаете, дека нашата безбедност ќе биде многу поголема отколку што очекував. – потенцираше Гресфорд Томас, избирач од областа.

Во минатото се извршени антентати врз повеќе американски претседатли и претседателски кандидати.

До сега четири претседатели на САД се убиени во атентати, а исто толкав број ги преживеаа нападите.

Марија Коцева


 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ОЈО бара притвор за лицето осомничено за подметнување на пожарот во Ѓорче Петров

Дејан Дејан

Два огнени крака, еден кон Николиќ, другиот кон Ѓопчеле – силен ветар го разгоре пожарот во дојранско

Дејан Дејан

Независните бараат од 20 до 100 потписи за кандидирање во општина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе