Вести Македонија Топ вести

Четири малолетни деца во безсознание и повреди по телата откриени во куќа во Скопје

Четворица малолетници, две момчиња и две девојчиња, попладнево во безсознание и со повреди по телата биле пронајдени во куќа во Скопје. Децата, кои се на возраст од 14 до 17 години, во моментот се на лекување на Клиниката за Токсикологија. Две од децата се во добра здравствена состојба, другите две се испратени на дополнителни иследувања, објаснува за Телма директорот на Токсикологија професор доктор Андон Чибишев.

На универзитетската клиника за токсикологија се донесени 4 малолетни деца во исклучително тешка општа здравствена состојба. Се работи за малолетници на возраст од 14 до 17 години, две машки и две женски. Веднаш се опсервирани од нашата дежурна екипа и почнато е со соодветна терапија и клинички испитувања. Примени се во Одделот за интензивна нега и лекување. Две од децата се до сега прилично стабилизирани, затоа што биле и со пореметена свет, сите четворица, а другите две деца се пратени на дополнителни иследувања, кои што сѐ уште траат и не се завршени, изјави за Телма д-р Чибишев.

Од МВР за Телма информираат дека денеска полициски службеници од СВР Скопје по пријава за нарушен јавен ред и мир утврдиле дека во куќата на 40-годишниот Д.Г. имало четири деца од кои две биле во бессознание и тие консумирале алкохол и психотропни супстанци. На терен е излезен и јавен обвинител.

Имаат повреди по рацете и нозете. На две од децата се прават клинички испитувања за да видиме да не имаат посериозни повреди на главата, на граден кош, на стомакот. Тие резултати не се готови, рече д-р Чибишев.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Азески во Брунен, Швајцарија, во врска со организацијата на конференцијата за трговските марки и нетарифните бариери

Sonja Petrusevska

Полициски дронови ќе регистрираат сообраќајни прекршоци

Kristina Kuzmanovski

Уапсената директорка на гостиварски Комуналец и двајца други раководители за загадување на водата, спроведени во Судот

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе