Вести Најважни Свет

Пари, авиони, оружје, муниција и „неповратно“ членство – еден куп ветувања за Украина од самитот на НАТО во Вашингтон

Украинскиот пат кон членство во НАТО во иднина останува „неповратно“ отворен. Ова е наведено во завршната Декларација од тродневниот самит на Алијансата во Вашингтон. На Украина и се ветени и 40 милијарди долари за наредните година дена, со можност за ревидирање на сумата и нејзино зголемување на самитот догодина.

Членките на блокот најавија зголемување и на бројот на борбени авиони Ф-16 за Киев. Првата пратка од нив, од Данска и Холандија, веќе е на пат кон земјата и уште летово ќе бидат присутни на украинското небо. Данска се обврза да донира 19, Холандија 24, Норвешка 6, а ветување доаѓа и од Белгија. Шведска, пак, вети испорака на т.н. „летечки радар“ за украинското воено воздухопловство. Најавена е испорака и на дополнителни пет системи за противвоздушна одбрана од типот „Патроит“, но и нова американска база во северна Полска. Новиот британски премиер Кир Стармер со сигнал за Украинците дека можат да користат ракети „Сторм Шедоу“ за гаѓање на цели во Русија.

„Ова не го правиме затоа што сакаме да ја продолжиме војната. Ова го правиме затоа што сакаме да заврши војната што е можно поскоро. Најбрзиот начин за завршување на војната е да се загуби војната, но тоа нема да донесе мир. Тоа ќе донесе само окупација. Значи, освен ако не сакаме Украина да загуби, освен ако не сакаме да му се поклониме на Путин, треба да покажеме посветеност и решителност“, порача Јенс Столтенберг, генерален секретар на НАТО.

Москва со првична реакција по НАТО самитот во Вашингтон. „Неповратниот“ пат на Украина кон Алијансата е неприфатлива закана по Русија, порача портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Од самиот почеток говоревме дека ширењето на НАТО во Украина е неприфатлива закана по нашето постоење, по нашата безбедност. Сега гледаме дека НАТП усвојува документ кој вели дека Украина дефинитивно ќе влезе во НАТО“, изјави Песков пред новинарите.

Според Песков, Русија нема да разговара за безбедносните елементи кои се извлечени од општиот контекст. Но, истовремено е подготвена да ги разгледа сите аспекти кои се однесуваат на безбедноста на Русија и на Европа. Портпаролот на Кремљ, исто така, нагласи оти неговата земја ќе треба да размисли за контрамерки со кои би го запрела НАТО во целост, нагласувајќи дека инфраструктурата на Алијансата прогресивно се движи кон руските граници. Во тој контекст ги истакна и тековните разговори за корекција на руската нуклеарна доктрина, како одговор на акциите на Алијансата.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Разговори за можно примирје во Појасот Газа во Белата куќа- Нетанјаху на вечера кај Трамп

Дејан Дејан

Продолжуваат спасувачките напори во Тексас – над 100 загинати

Дејан Дејан

По телефонскиот разговор со Путин, Трамп го промени курсот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе