Вести Македонија Најважни

Судот го прифати обвинението за соработниците на Палевски, на таткото на ликвидираната 14-годишна Вања ќе му се суди за грабнување на ќерката

-Советот за оценка на обвинителен акт со КООА 83/24 против обвинетите : В.М., Б.В. и В.К. обвинети за по две кривични дела Убиство од чл. 123 ст.2 т.1 и т.7 в.в. со чл. 22 од КЗ и чл. 123 ст. 2 т.1 и т.4 в.в со чл. 22 од КЗ како и две кривични дела – Грабнување од чл. 141 ст.2 в.в. со ст.1 и в.в. со чл. 22 и чл. 141 ст. 1 в.в. чл. 22 од КЗ, и обвинетиот А.Ѓ. обвинет за едно кривично дело Грабнување чл. 141 ст.2 в.в. ст.1 в.в. чл. 24 од КЗ, а поврзано со двојното убиство на малолетната В.Ѓ. и велешанецот П.Ж. во ноември минатата година, соопшти Кривичниот суд во Скопје.

По разгледување и ценење на актот како и доставените приговори изјавени против обвинението од страна на одбраната на обвинетите, донесе решение со кое – Приговорите на одбраната се одбиваат како неосновани, а Обвинителниот акт се одобрува во целост.

-Врз основа на одобрениот обвинителен акт, се формира кривично – правен предмет кој согласно АКМИС системот ќе биде распределен на понатамошно постапување, за што , ценејќи го јавниот интерес за случајот, јавноста ќе биде благовремено известена, соопштија од судот.

Во однос на повеќе новинарски прашања за постапката против прво осомничениот за двојното убиство – Љ.П. (Љупчо Палевски-Палчо) судот ја информира јавноста дека постапката е сеуште во фаза на обвинителска истрага.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе