Вести Македонија Најважни

Ново рочиште за Мерко за незаконското назначување на директор

Во Основниот суд во Струга продолжи рочиштето за незаконско назначаување на дирктор во училиштето  во Велешта, предмет во кој за злоупотреба на службената положба и фалсификување документи покрај струшкиот градоначалник, Рамиз Мерко обвинети се уште три лица – наставник, директор и помошник директор на училиштетот.

На денешеното рочиште сведочеше државниот просветен инспекторат, Наташа Пинтоска,  сведок на обвинитилството, која потврди дека при надзорот на училиштето во Велешта констатирала дека назначениот ВД директор не ги исполнува законските услови.

Одбраната на обвинетите пак смета дека во овој случај станува збор за прекршочна одговорност, а велат дека приложените докази од нивна страна ќе ја потврдат оваа нивна теза.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мапи со горливи точки објави ЦУК – централниот дел на земјава под висок ризик од пожари

Дејан Дејан

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци, се трага по убиецот

Дејан Дејан

Уапсен битолчанец кој со нож нападна сограѓанин на пазарот во Битола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе