Вести Македонија Најважни

Сите тројца кандидати ветуваат консолидација на партијата – СДСМ избира нов претседател

Членовите на СДСМ избираат нов партиски лидер. На гласачкото ливче има четири имиња. Покрај Бајдевски, Филипче и Деспотовски, стои и Петровска, која се повлече вчера, но изборниот материјал веќе бил испечатен. По тешкиот пораз на последните парламентарни избори, граѓаните се надеваат на закрепнување и засилување на СДСМ.

И тројцата кандидати ветуваат консолидација на партијата ако од утре седнат на претседателката фотелја во партијата. Но, различно гледаат на изборниот ден. Јован Деспотовски по денешното гласање рече дека е загрижувачки тоа што денеска на голем број на членови на СДСМ не им било овозможено да гласаат, иако имаат сe она што е потребно за гласање.

Венко Филипче, пак, по гласањето не истакна забелешки за изборниот процес. Според информациите кои ги добил од општинските организации, изборите минуваат во мирна и позитивна атмосфера.

Според Александар Бајдевски, клучно е во наредниот период СДСМ да се врати на своите вредности, да биде силен критичар и коректор на власта, но чекува и расчистување на сериозните обвинувања на Петровска.

Петровска, која се откажа од изборната трка, наведе повеќе причини поради кои се сомнева дека изборот ќе биде фер и легитимен. На избирачкиот список имало починати гласачи, но и активисти на ВМРО-ДПМНЕ, дел од регистрираните гласачи биле регистрирани од друг, без нивно знаење, а незадоволна е и од нерасчистениот скандал со злоупотреба на лични податоци на гласачите кои добивале пораки од еден од кандидатите.

Големи предизвици и претстојат на СДСМ сметаат аналитичарите.

Овие вонредни внатрепартиски избори се трети по ред на кои се бира претседател со овој модел на гласање, но пријавени се најмалку членови 23.373 членови.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нова судска драма за уставната судијка Кацарска: На Судскиот совет предводен од Дамева „му текна“ дека пред две години ја пензионирале како судијка

Дејан Дејан

Дваесет и двајца економски директори со мандат ги одбројуваат последните денови во фотелја – по законските измени, нема да можат да тужат

Desk

Ирена Алексиоска Папестиев нова директорка на ГАК

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе