Вести Македонија Најважни

Мицкоски влезе во кабинет на Илинденска и најави прва владина седница кон крајот од неделава

Придружуван од три полициски возила новиот македонски премиер, Христијан Мицкоски, утрово пристигна во зградата на владата на Илинденска, каде ја презеде функцијата од неговиот претходник, техничкиот премиер, Талат Џафери.

На кратката средба во премиерскиот кабинет, како што беше наведено во владиното соопштение од средбата,  Џафери му честитал на Мицкоски, и му посакал успешен мадат во интерес на сите граѓани на државата, а заедно констатирале дека преодната влада и државните институции успешно одговориле на должноста за организирање на демократски избори и предавање на власта.

Привилегијата изјавата за медиумите по примопредавањето Мицкоски реши да ја задржи за Штип, каде веднаш откако го испрати Џафери од своето ново работно место, се упати да прусуствува на поставување на камел темелник на спортскиот центар „Џексон“, увид во изградба на блувер и посета на клиничката болница во Штип.

Во дрескодот на Мицкоски денеска забележлива беше краватата, чија боја потестуваше на времето на ВМРО-ДПМНЕ кога тоа беше ребрендирано во портокалово. Сепак Мицкоски негираше дека во бојата на краватата кој ја избрал за примопердавање на новата функција има скриена порака.

Јас не знам вас на што ве потсетува, но мене портокаловата боја ме потестува, да речеме, на свеќичките од последниот роденден на мојот син, и тоа е убаво, убава меморија, кога можете на  нешто такво убаво да се присетувате. Инаку портокаловата е една од моите омилени бои. Оваа вратоврска ја добив на подарок од еден пријател и спонтано утрово ја облеков, без никаква порака, изјави Мицкоски.

Но ако изборот на краватата му било спонтано, првата одлука која ќе ја донесе Мицкоски како премиер рече дека денеска ја разговарал со својот кабинет.

Кон крајот на неделата ќе ја имаме и таа прва седница на владата. Ќе имаме неколу одлуки, тоа се повеќе формални одлуки, но започнуваме да работиме и на новото законсоко решение за линеарно зголемување на пензиите за пензионерите, она кое што го ветивме во предизборието, во првата година да имаме линеарно зголемување за секој еден пензионер од 5.000 денари на нивната пензија, рече Мицкоски.

По стартот со министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, Мицкоски најави работен состанок деновиве и со новата министерка за финансии, Гордана Димитриевска Кочовска, за предлог-законското решение за реализација на оваа одлука во скоро време да може да се најде во Собранието.

Тамара Грнчароска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Народна банка: Сѐ повеќе граѓани плаќаат со платежни картички

Дејан Дејан

Пред два месеци заврши тендерот за инсулин, а уште немаме терапија, реагираат дијабетичарите

Дејан Дејан

Ирак: Осум турски војници починаа од труење со метан гас

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе