Вести Македонија Најважни

Судијата на претходна постапка верува во доказите на обвинителот – 30 дена притвор за врховниот судија Наќе Геогриев

Не е виновен, го местат. Ова се зборовите на адвокатот Александар Тумановски и бранител на Наќе Георгиев. Но, тој не кажал што мисли за истрагата и пред судијата на претходна постапка молчел. Така решил да се брани во овој дел од постапката, во негово име кажа адвокатот Тумановски.

Врховниот судија Наќе Георгиев, со полиција пристигна во основниот суд Скопје 1. По неколку часа ја загуби слободата и од попладневно ќе биде сместен во истражниот затвор во Шуто Оризари. Судијата на претходна постапка им поверувал на доказите на обвинителката од одделението за борба против организиран криминал и одлучи да го задржи најмалку 30 дена во притвор. Георгиев е опасен и може да влијае на сведоците и кривичното дело, смета и судот по предлгоот на обвинителството.

„Судијата на претходна постапка донесе решение со кое предлогот се уважува, а на осомничениот му се определува мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од чл. 165 ст. 1 точка 2 и 3 односно Може да ја попречи кривичната постапка со влијание врз сведоците,  и околности кои  упатуваат дека ќе го доврши или повтори кривичното дело,“ се наведува во соопштението од основнито суд скопје 1“, соопшти Основен суд Скопје 1.

Георгиев е под сомнеж дека нудел погодности на синот на обвинетиот Боро Стојчев, екс  градоначалник на општина Ново Село во кривичното дело за шверц на марихуана.

„Според сознанијата добиени од пријавителот, првоосомничениот користејќи ја својата службена положба и претпоставено влијание лажно ветувал погодности за обвинет (татко на пријавителот) во друга постапка што се води пред Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, и лажно прикажале дека ќе извршат влијание заедно со второосомничениот,“ се наведува во првичното известување од обвинителството.

А, пак, второосомничениот е поранешниот народен правобранител и сегашен член на Советот на јавни обвинители, Иџет Мемети. Тој е дојавен од пријавителот, но за него обвинителството нема докази за барање за притвор, туку бара да му се одредат мерки на претпазливост.

Канцаларијата на Мемети е претресена, а десетте илајди евра обележени банкноти се главниот доказ на обвинителите против судијата Георгиев. Но, начинот на кој тој ги примил со претходен надзор од полицајците е спорно за одбраната на Герогиев. Доцна по полноќ, судскиот совет заседаваше и одлучи да му го одземе имунитетот, да дозволи да се одлучува за притвор и ја стави во мирување судиската функција на Георгиев.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕП го усвои Извештајот за Македонија на Томас Вајц

Дејан Дејан

Изгаснат пожарот во Чучер-Сандево, се гасат уште седум други

Дејан Дејан

Европската комисија подготвена за сите сценарија околу американските царини

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе