Членот на израелскиот воен кабинет Бени Ганц се закани дека ќе ја напушти Владата доколку до 8 јуни не биде усвоен новиот воен план.
На прес-конференција, Ганц рече дека бара воениот кабинет да подготви нов план до 8 јуни. Тој предупреди дека доколку дотогаш не се исполнат неговите очекувања, ќе ја повлече својата центристичка партија од Владата.
Ако го изберете патот на фанатиците и ја одведете целата нација во пропаст, ќе бидеме принудени да излеземе од Владата, рече Ганц.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
