Вести Македонија Најважни

Тоа се насилници, не уставобранители – Спасовски против помилување на лицата кои упаднаа во Собранието на 27 април

Носителот на кандидатската листа на СДСМ во Втората изборна единица, Оливер Спасовски претпладнево пред Собранието истакна дека 27 април ниту смее да се повтори, ниту да се заборави, најцрниот датум во историјата на македонската демократија.

„Сликите и снимките од крвавите настани, за кои на овој начин денеска пред македонското собрание потсетуваме, нека останат паметник за тоа какви последици има од десничарскиот режим на ДПМНЕ. Насилници, поттикнати од ВМРО-ДПМНЕ извршија упад во Собранието, обидувајќи се да убијат пратеници, да повредат новинари и вработени во собраниските служби, да го урнат уставниот поредок“, рече Спасовски.

Според него, најавите за помилување на лицата што упаднаа во Собранието „се скандалозни и недозволиви и покажува дека ништо не е променето во ДПМНЕ“.

„27 ми април е тежок, крвав потсетник колку лесно опасна власт може да ја втурне земјата во провалија. Не смееме да заборавиме и не смееме да се откажеме од борбата за слобода, демократија, правда и правичност. СДСМ не се откажа на 27 април, нема да се откаже ниту на 8 мај“, рече Спасовски, барајќи поддршка за неговата партија и коалиција на парламентарните избори.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарите се приближуваат до Бордо, евакуирани стотици илјади луѓе

Kristina Kuzmanovski

Забрана за пиење вода во Булачани, СДСМ бара итни анализи

Kristina Kuzmanovski

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе