Вести Најважни Свет

Шефот на израелското воено разузнавање поднесе оставка поради нападот на Хамас на 7 октомври

Шефот на военото разузнавање на Израелските безбедносни сили Ахарон Халива поднесе оставка поради неуспехот да го спречи терористичкиот напад на Хамас врз Израел на 7 октомври минатата година.

Во саботата, 7 октомври 2023 година, Хамас изврши смртоносен изненаден напад врз државата Израел. Одделот за разузнавање под моја команда не одговори на задачата што ни беше доверена. Оттогаш го носам тој црн ден со мене. Ден по ден, ноќ по ноќ. Секогаш ќе ја носам со себе страшната болка на војната, напиша главниот воен разузнавач во оставката.

Халива е првиот висок функционер кој поднесе оставка затоа што не го спречи терористичкиот напад на Хамас.

Во својата оставка Халива повика на формирање комисија „која темелно, продлабочено, сеопфатно и прецизно ќе ги истражи и открие сите фактори и околности кои доведоа до тешките настани“.

Во координација со началникот на Генералштабот, началникот на Управата за разузнавање, генерал-мајор Ахарон Халива, побара да ја прекине функцијата, по неговата лидерска одговорност како началник на Управата за разузнавање за настаните од 7 октомври.

Началникот на Генералштабот му се заблагодари на генерал-мајор Ахарон Халива за неговата 38-годишна служба во ИДФ, за време на која тој даде значителен придонес за безбедноста на државата Израел и како борбен војник и како командант“, се вели во објава на ИДФ на социјалните мрежи.

Ова е прва оставка на генерал од израелскиот Генералштаб, а тој една недела по нападот на Хамас изјави дека ја сноси целосната одговорност.

На 7 октомври минатата година терористи од Хамас извршија напад врз Израел во кој убија околу 1.200 луѓе и киднапираа околу 250, што ја предизвика војната во Газа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Тв Телма / TV Telma (@tvtelma)

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе