Вести Македонија Топ вести

Србин дивеел на бензинска во Јосифово, па прободел лице кое славело раѓање на бебе – Обвинителството поведе постапка за насилство и предложи притвор

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против државјанин на Република Србија, осомничен за кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

„Осомничениот, на 31 март во раните утрински часови, извршил грубо насилство врз едно лице во угостителски објект на бензинска пумпа во Јосифово. Додека оштетениот со друштво од 15-20 лица, негови другари, прославувале раѓање на новородено дете во угостителскиот објект, на друга маса седел осомничениот со уште едно лице“, се вели во соопштението на Обвинителството.

„Двајцата под дејство на алкохол, започнале да кршат, да удираат по телевизорот и му се заканувале на сопственикот на објектот кој побарал од нив да си заминат, затоа што станале агресивни. Револтирани затоа што биле избркани, тие излегле од објектот до нивниот камион, по што осомничениот се вратил назад пред влезот каде што се наоѓал оштетениот кој во тој момент зборувал на телефон. Без посебен повод и причина, се втурнал во оштетениот и го прободел со нож во левата страна од градниот кош, нанесувајќи му убодна рана. Осомничениот веднаш се дал во бегство, трчајќи кон камионот, но бил спречен од лица кои биле гости во угостителскиот објект. Со насилството тој предизвикал чувство на несигурност, загрозеност и страв и кај останатите гости“, се додава во дописот на ЈОРСМ.

Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор на осомничениот странски државјанин.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опаѓа бројот на ученици, расте бројот на наставници

Дејан Дејан

„Зошто ги пуштивме убијците на нашите деца?“ и зошто полицијата не е опфатена со истрагата – прашања по новиот марш за жртвите во Кочани

Дејан Дејан

Тешка несреќа со тројца мртви кај Кичево, тинејџер излета со БМВ и загина, трагичен биланс на сообраќајот, а се уште се чекаат законски измени и Сејф сити да „стапи“ на сцена

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе