Вести Код Македонија

КОД: Фирма со руски капитал со ниска цена на тендер се обидела да „влезе“ во Министерството за одбрана

Фирма со руски капитал и со седиште во Европска Унија се обидела да добие тендер во Министерството за одбрана со кој би имала пристап до информатичкиот систем,, но понудата е отфрлена и е отпочната предистрага, открива министерката Славјанка Петровска во интервју кое ќе биде емитувано вечерва во КОД.

Во интервјуто со Петровска и одговори како фирмата Тхор, чиј сопственик Дрин Ахмети е внук на лидерот на ДУИ Али Ахмети, успеа да добие тендер во одбрана додека за него се водат две предистраги.

КОД открива и средба на актуелен министер во владата со Американскиот контроверзен бизнисмен Ник Мехмети, кој во Далас, Тексас има стриптиз барови.

Ник Назар Мехмети инаку е бизнис партнер на Дрин Ахмети.

Во КОД и за оние фирми кои не ги враќаат парите на Еуростандард банка туку ги затвараат.

КОД е во редовниот термин по Вечерните Вести на Телма во недела.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Новата А-интегрирана дозвола за УСЈЕ ќе биде по новиот, построг, закон, најави министерот Хоџа

Sasko Dimovski

Изборниот законик заглавен во партиските ровови, спикерот Гаши повикува на компромис и поддржува електронско гласање

Дејан Дејан

Секој четврти прекршок фатен со „Безбеден град“ го прави странец без да добие казна возачот – снимени над 33.000 прекршоци на странски возила

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе