Вести Економија Најважни

Пропадна и последниот тендер за изградба на „Чебрен“

Истече рокот кој грчката фирма „Архиродон“ го имаше за да стави потпис на договорот за проектот „Чебрен“ и изградба на хидроцентралата на Црна река. Со ова повеќе од извесно е дека ќе пропадне и 14-от тендер за изградба на „Чебрен“.

Според информациите на Телма, по налог на министерката Шукова, денска е формиран тим од правници кои веќе работеле на проектот и тие имаа имаат задача  да ја разгледаат комплетата документација за тендерот и најдоцна до утре да донесат препораки кои треба да бидат следните чекори на надлежните институции во Македонија. Оваа препорака потоа министерката Шукова ќе ја достави до Владата.

Претходно не се потпиша ниту договор со грчката фирма за формирање на заедничко тело со ЕСМ за вложување и да се формира заедничка компанија која треба да продолжи со реализација на овој проект

Грчката компанија „Архиродон“ поднесе и жалба  поради тоа што условите во тендерот биле поинакви од оние кои се донеле со одлука на Влада и бараа измени.

Голем дек од експертската јавност е децидно против грчката компанија „Архиродон“ да го гради „Чебрен“ и дека тоа треба да го стори државата.  Здружението на инженери се на ставот дека дека државата има капацитет да го изгради овој капитален проект, парите нема да се одлеат во странска фирма и затоа поднесоа претставки до неколку институции и претседателот Пендаровски.

Во договорот кој стои без потпис стои дека „Архиродон“  за сума од 1 милијарда евра треба да ја изгради хидроцентралата на Црна Река и за возврат ќе добие две третини од стопанисувањето во наредните шеесет години како и стопанисувањето со „ХЕЦ „Тиквеш“.

Чебрен е децениски проект за кој досега имало 13 неуспешни тендери  во последните 20 години.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Возачот Васил Јованов призна вина за несреќата во која ја прегази Фросина Кулакова  на пешачки премин

Дејан Дејан

Почнува националната еко акција „Генералка викенд“

Дејан Дејан

Трамп: Изборот на американски папа е „голема чест“ за САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе