Вести Македонија Најважни

Дали партијата на Палевски ќе ги преживее двете убиства на лидерот? – за премиерот, таа партија е злосторничко здружение

Дали партијата Десна ќе ги преживее двете убиства за кои е осомничен нивниот лидер, избеганиот Палевски-Палчо зависи од судот и обвинителството.

До обвинителството се уште нема иницијатива за гаснење и забрана на партијата за да покренат постапка. Оттаму ни велат дека за трите услови за забрана за партија, ако таа повикува на насилно уривање на уставниот поредок,  поттикнува или повикува на воена агресија или разгорува национална, расна или верска омраза, треба да има кривична постапка која доколку обезбеди докази тогаш би почнала постапката за забрана и гаснење на партијата, пред граѓанскиот суд.

Премиерот Ковачевски со речник, сличен на министерот за внатрешни работи вели дека Десна мора да се забрани и дека осомничените лани при усвојувањето на францускиот предлог, протестирале рамо до рамо со ВМРО-ДПМНЕ и Левица,  кога глумеле патриотизам со што го успорувале напрредокот на државата.

-Де факто и де јуре се работи за антимакдеонска партија која претставува класично злосторничко здружување чии членови, прво, не само што починија грозоморно убиство на чело со претседателот на партијата, туку и во изминатиот период учествуваа заедно со другите опозициски партии во организирањето на најголемите нереди во државата, рече Ковачевски.

-Да ве потсетам, во јуни и јули лани кој мене ми поставуваше гилотина пред Собрание, кој ми правеше јавно судење пред Владата, кој фрлаше молотови коктели на МНР, кој од моето малолетно дете правеше недолични видеа на Тик-ток? Тоа го правеа тие луѓе, но прашањето е друго, кој беше со нив? Со нив беше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на Левица, член на Државна комисија за спречување дискриминација, претседатели на други политички партии, а имаше и една претседателка на партија која правеше драми и хистерии дека ќе сме биле бугаризирани и асимилирани за по неколку месеци нејзиниот син биде избран во Софија, во Градското собрание. Немам против да биде избран секаде, но не може на тој начин да се прави хистерија и да се подгрева лажен патритоизам и квази национализам во Северна Македонија, одговори Ковачевски на прашањето на Телма за можна забрана на партијата Десна.

Доста му е на овој народ, вели Ковачевски, и од лажен патриотизам и од квази национализам.

-Овој народ сака да оди 100 години напред, а не некој да го враќа 2 300 години назад, во антиквизации, во кавги со соседите и во кавги на етничка сонова во државата, нагласи премиерот.

Од ВМРО-ДПМНЕ цело време сметаат дека убиството на Вања немало да се случи доколку полицијата предводена од Спасовски постапувала соодветно уште при исчезнувањето на пензионерот Панче Жежовски.

За Љупчо Палевски, од опозицијата, повторуваат дека е екс претседател на градската организација на СДСМ и го сметаат за близок соработник на власта, човек кој бил опозиција на опозицијата.

Палевски уште е во екстрадициски притвор во Турција. Во вчерашното издание на КОД на Телма беше објавено дека тој во Белград добил пари од Швајцарија пред да го продолжи бегството кон Турција, а во градот Баликесир каде што се криеше стигнал затоа што негов сопартиец имал познаник и бизнис партнер-каменорезец.

Најмалку една разузнавачка агенција од Македонија имала интерес за активности на Палевски и партијата Десна, а за емисијата КОД, високопозициониран претставник на службата потврди дека сите сознанија се доставени до истрагата за двете убиства.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе