Вести Македонија Најважни

Извештајот од обдукцијата на Вања стигна до Обвинителството

Извештајот од судска медицина за убиството на на 14 годишната Вања Ѓорчевска пристигна на адресата на Основното јавно обвинителство. Сите добиени анализи за смртта на девојчето по направената обдукција се испратени кај обвинителот кој ја води истрагата за овој предмет, потврдуваат од ОЈО Скопје.Оттаму дополнителни информации околу извештајот не даваат, бидејќи истрагата се уште е во тек.

Извештајот е еден од клучните докази во истрагата и целосно расветлување на случајот. Кога настапила смртта на Вања и под кои околности се дел од прашањата на кои одговор треба да даде судска медицина.

Вања беше грабната до влезот на нејзината зграда на 27 ноември. Истиот ден, според исказите на осомничените е убиена. Два и пол часа по нејзиното грабнување. Во десет часот е застрелана, а осомничениот за нејзиното убиство е Љупчо Палевски Палчо.

Пронајдена е мртва на 3 декември. За изготвување на извештајот беа потребни речиси 3 недели. На него претходеше и обдукција на телото.

Досега е познато дека Вања е ликвидирана со куршум. Два пиштоли беа пронајдени. Но, се уште не се знае дали се поврзани со убиството. На ова му претходеше и грабнувањето и убиството на велешанецот Панче Жежовски на 22 ноември. Неговиот автомобил Цитроен потоа е искористен за грабнувањето ан Вања.

Палевски ја напушти државата на 30 ноември и преку Србија и Бугарија избега во Турција каде беше уапсен од тамошните власти во градот Баликесир. Тој сега се наоѓа во екстрадиционен притвор. Ќе бидат потребни месеци за тој да биде екстрадиран во Македонија. Другите осомничени за грабнувањето и помагање на убиство Велибор Маневски, Влатко Кешишов и Боре Видевски се во притвор. Во  притвор е и таткото на Вања, Александар Ѓурчевски.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Горан Бреговиќ и како да доживееш стота: Концерт на Бијело Дугме во Скопје

Дејан Дејан

„Ние загубивме се, вие уште имате за што да се борите“ – порака на роднините на жртвите во „Пулс“ до полицијата и обвинителството

Дејан Дејан

Загина 33-годишна жена, повредени шест лица, меѓу кои и деца – тешка сообраќана несреќа на автопатот Тетово – Гостивар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе