Сите институции кои користат буџетски средства ќе одлучува колку нови луѓе им требаат и тие треба да бидат во согласност со буџетот на институцијата.
За секој оглас ќе пополнуваат нова изјава и ќе ја достават или до АВРМ или до агенција за администрација кај ќе се објави огласот.
Во случај да се надмине буџетот одговорноста паѓа врз министерот, или раководното лице на институцијата рече на брифингот со новинарите министерот за финансии Фатмир Бесими.
Во изјавата ќе пишува дека планот за вработување е во согласност со буџетот и доколку го надмине кривично ќе одговара.
Фатмир Бесими не смета дека со ова ќе настане хаос од вработувања во јавниот сектор, напротив, според него, со ова се става ред.
Тој дополни дека доколку станува збор за претпријатија кои се загубари и ако имаат потреба од нови вработувања, одлука за тоа ќе носи владата.
Сепак напомена дека ваквата промена не е врзана со изборите иако се случува токму пред нивното одржување.