Со повици за масовна излезност до електоратот, но и опозициски предупредувања за притисоци и заплашувања, завршува кампањата за неделните избори во Србија. На тоа, како и за медиумска пристрасност укажуваат и набљудувачите. Група на продемократски активисти во српското општество од Ниш со охрабрувачки пораки до гласачите да го искористат нивното граѓанско право и во недела да гласаат за промени.
Србија викендот ќе гласа на парламентарни и локални избори, вклучувајќи и за превласт во Белград. Главни играчи во изборната арена се владеачката Српска напредна партија на претседателот Александар Вучиќ и прозападната опозициска коалиција која се обидува да ја поткопа цврстата контролна моќ на „напредњаците“ што трае од 2012 година.
Опозицијата со низа забелешки за власта. Пред сè, се однесуваат за местење на изборите, но и за злоупотреба на јавните функционери и институции.
Вучиќ и неговата партија ги отфрлија обвинувања на опозицијата. Иако, според правилата, не смее да говори, поради функцијата што ја извршува, сепак, и како претседателот води кампања во корист на Српската напредна партија. Ја обиколи земјата во рамки на партиската кампања „Србија не смее да запре“, со ветување за нови патишта, болници и финансиски бенефиции.
Во опозицискиот фронт влегуват блок на прозападни партии кои стоеја и зад неколкумесечните протести по трагичните убиства во основно училиште во Белград во мај во кои загинаа 19 лица од кои најголем дел беа деца. Се надеваат дека Србија, конечно, ќе заврши нова страница, а во недела ќе ги поразат сојузниците на Вучиќ, меѓу кои се социјалистите и неколку десничарски групи за кои веруваат дека ја губат поддршката меѓу народот.
Сашко Димовски
