Вести Македонија Најважни

Се шири кругот на помагачи на Љупчо Палевски кој е во бегство – во Кривичен донесени четворицата осомничени

Се шири кругот на помагачи на Љупчо Палевски кој е во бегство. Обвинителството попладнево побара притвор и за уште еден помагач, 46-годишен скопјанец за кој се сомнева дека извршил кривично дело– Помагање на сторител по извршено кривично дело, односно го возел со совјот авотмобил осомничениот Палевски од една во друга соседна држава.  Обвинителството обезбедило докази дека овој осомничен пред три дена е регистиран на камерите на граничните премени Србија Бугарија и Бугарија Турција.

„На 02.12.2023 година било регистрирано на граничните премини во Р.Бугарија и тоа со влез во Р.Бугарија на ГП Калотина и излез од Р.Бугарија на ГП Капитан Андреево (кон Р.Турција). И двете регистрации се со возило марка Ланд Ровер, управувано од осомничениот,“ се наведува во соопштението на обвинителството.

Лицето е лишено од слобода извршен е информативен разговор информираат од обвинителстовто кое и во овој случај бара притвор бидејќии смета дека овој осомничен може да избега или да го повтори делото. Доколку се обезбедат доволно докази и овој осомничен се најде во списокот на обвинети ќе се соочи со казна затвор од една до 10 години. Познато е дека Палевски, пак до Белград стаса со автомобилот на својот адвокат кој одново за Телма потврди дека не знаел дека неговиот сопатник и клиент е инволвиран во грозоморните убиства, три дена откако се случило убиството на Вања. Вечерва во судот на распит одново се четворицата осомничени меѓу кои и таткото откако Обвинителството денеска ја заврши предистрагта и издаде наредба за истрага, и побара нови 30 дена притвор за осомничените. Во судот пристигнаа со силно полициско обебзедување, лисици на рацете, избричени глави и целосни затворски одела.

И вечерва тие не беа придружувани од адвокати, а по неколку часовното соочување со судија на претохдна постапка се очекува судот одново да им го продолжи притворот за нови 30 дена.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се очекуваат и до 10 милијарди евра – Европа најави Фонд за обнова на Украина, Зеленски бара „Маршалов план“

Дејан Дејан

Филипче: Извештајот на ЕП не го загрозува идентитетот

Дејан Дејан

Остатоци од запалена гума кај пожарот до Смилковци-  истрагата утврдува дали пожарот е подметнат, казните за намерно предизвикување шумски пожар се најмалку 8 години затвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе