Вести Македонија Најважни

Забранет влез во САД за Кочо Анѓушев и неговата фамилија

Екс вицепремиерот Кочо Анѓушев, неговата сопруга Елизабета и децата Ангел и Огнен се прогласени за „генерално неподобни„ за влез во  Соединетите американски држави.Причина е неговата вмешаност во значителна корупција.

  • „Додека ја извршуваше функцијата вицепремиер, Анѓушев ја злоупотреби својата службена положба во корист на неговите приватни деловни интереси, поткопувајќи ја довербата на јавноста во Северна Македонија во нивните владини институции и јавни процеси.Денешната акција покажува дека САД стојат со оние кои бараат одговорност од корумпирани јавни функционери“, објави Стејт Департмент.

Во соопштението стои и дека, ова ја потврдува посветеноста на САД за борба против корупцијата, која му штети на јавниот интерес, го попречува економскиот просперитет на земјите и ја намалува способноста на владите ефективно да одговорат на потребите на својот народ.

За ова се огласи и амбасадорката на САД во Македонија.

  • Денешното назначување на поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев и неговото семејство е уште еден доказ дека Соединетите Држави ќе продолжат да ги санкционираат корумпираните актери во оваа земја и во регионот, без разлика на нивната позиција, политичка определба или времето на злоупотребите. Ќе следуваат повеќе назначувања, но факт е дека нашите напори и нашите санкции не можат да ја поправат епидемијата на корупција во Северна Македонија. На крајот на краиштата, останува на функционерите и граѓаните на оваа земја да побараат одговорност и промени, вели американската амбасадорка Анџела Агелер.

Анѓушев беше вицепремиер од 2017 до 2020 година, во владата предводена од Зоран Заев.Тој e сопственик и извршен директор на групацијата Феро Инвест и фабриката Брако.Во 2014 –та година беше прогласен за еден од петте најбогати Македонци токму од американското списание Форбс.Тој е и почесен конзул на Малта во Македонија, поради што минатата недела се сретна со малтешкиот министер за надворешни работи кој беше во државата на самитот на ОБСЕ.

На црната листа на САД, поради корупција, се и Сергеј Самсоненко, Орце Камчев, Ратка Камчева, Сашо Мијалков, Никола Груевски и Рамиз Мерко.

Далиборка Демјанска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе