Вести Македонија Најважни

Палевски избегал во Белград, па во Бугарија, тројцата приведени признале

Првоосомничениот дека ги организирал грабнувањата и дека лично со пиштол ги убил 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, Љупчо Палевски Палчо излегол од Македонија на 30 ноември. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски негира дека некој во полицијата „му шепнал“ на Палчо дека е осомничен за да избега. Во моментот кога ја напуштил државата, тој воопшто не бил осомничен.

  • „Тоа лице е заминато од државата со возило, заедно со неговиот адвокат, и заминато во Белград. Од таму, следниот ден заминува во Бугарија и понатаму сега ќе ги утврдуваме сите овие аспекти“, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната прес-конференција.

Адвокатот Васко Стојков вели дека го однел Палевски во Белград на преглед затоа што немал возило и не знаел дека е одговорен за две убиства. Откако разбрал за што е осомничен, му пратил порака да се врати и да даде исказ затоа што станува збор за сериозна работа. Ако сум знаел било што сигурно немаше да го носам, рече Стојков во телефонскиот разговор за Телма.

  • „Можам да ветам дека е сторам сè, и јас и институцијата, ова лице, или ако сакате подобро овој монструм, на кој му ја следиме трагата час поскоро, штом стапне на наше тло, да биде изведен пред лицето на правдата“, рече Спасовски.

Тројца од осомничените, Велибор Манев, Влатко Кешишев и Боре Видевски целосно го признале делото. Според нивните сведочења, Палевски лично ги извршил двете убиства. На двете убиства присуствувале двајца различни осомничени кои сведочеле на нив.

  • „Во просториите на Основното јавно обвинителство, тројцата од сите петмина инволвирани за коишто постојат основи за сомнение во овој момент дека се извршители на овие кривично-правни дејствија, имаме признание за целокупниот нивен ангажман, тек на настанот, кој какви дејствија презел и кој со што и зошто бил задолжен во текот на сите овие активности, преземени од нивна страна“, рече шефот на скопското обвинителство Гаврил Бубевски.

Детето било грабнато за да се бара откуп од мајката, но нешто тргнало спротивно на планот и било убиено 3 часа по грабнувањето.

Последната објава на Палчо на социјалните мрежи, на кои е многу активен, е на 1 декември во 13:51. Тој ден тој има 6 политички објави на фејсбук. Додека цела Македонија трагаше по детето, тој на Фејсбук постирал политички постови, но ништо за детето.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарите се приближуваат до Бордо, евакуирани стотици илјади луѓе

Kristina Kuzmanovski

Забрана за пиење вода во Булачани, СДСМ бара итни анализи

Kristina Kuzmanovski

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе