Вести Македонија Најважни

Ковачевски: Ова апсолутно не е никаква дипломатска победа на Русија- Премиерот нема да се сретне со Лавров

„Ова апсолутно не е никаква дипломатска победа на Русија. Ова е дипломатска победа на ОБСЕ, со оглед на тоа дека беше доведено во прашање функционирањето на ОБСЕ. Со ова ОБСЕ ќе продолжи да функционира и ќе продoлжи да биде гарант на обезбедување развој на демократските и на мирните процеси во Европа“, меѓудругото премиерот Димитар Ковачевски пред своето официјално обраќање на Самитот на ОБСЕ, кој се одржува со Скопје.

Премиерот додаде дека нема да се сретне со Лавров.

„Ние претседававме во најтешката година за ОБСЕ со оглед на тоа дека организацијата се соочи со голем број предизвици во светло на неоправданата агресија на Русија врз Украина, меѓутоа се надевам дека ќе бидат потврдени одлуките за избор на нов претседавач за избор на четирите најзначајни позиции во ОБСЕ, како и донесување на буџетот. Вчера имав средба со државниот секретар на САД, Блинкен, како и со министерот за надворешни работи на Британија, Камерун, ние треба да бидеме свесни дека секоја земја на свој начин испраќа порака за неоправданата агресија којашто Русија ја изврши врз суверена држава врз Украина, некои земји тоа го прават со свое неприсуство, а некои со јасно искажани ставови. Истото ќе го направам и јас во своето излагање“, нагласи Ковачевски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарите се приближуваат до Бордо, евакуирани стотици илјади луѓе

Kristina Kuzmanovski

Забрана за пиење вода во Булачани, СДСМ бара итни анализи

Kristina Kuzmanovski

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе