Вести Македонија Топ вести

Вознемирувачки содржини се шират на социјалните мрежи за исчезнувањето на 14-годишната Вања- Телма апелира до граѓаните да се држат до информациите на официјалните институции

Вознемирувачки пораки и содржини се шират на социјалните мрежи за исчезнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје, по која се трага веќе трет ден.

Во коментар под објавата на нејзината мајка, лажен профил од Косово кој злоупотребил фотографија на имам од Алабанија, напишал дека девојчето е кај него.

На Фејсбук кружат и низа други дезинформации за нејзиното исчезнување, проследени со вознемирувачки  и недолични коментари.

Телма апелира до граѓаните да се држат до информациите на официјалните институции во државата кои трагаат по Вања, и да не споделуваат непроверени вести кои дополнително ги вознемируваат семејствотот и јавноста.

Сите досегашни вести за наводно пронаоѓање на девојчето, експресно ги демантираше и МВР.

И Интерпол се вклучи во потрагата по Вања Ѓорчевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вработени од Детска клиника на протест: Шест месеци без плата и без продолжени договори

Tea Dimkovska

Тетовец на 78 години доби притвор за физички напад на сопругата

Дејан Дејан

Прешова: Наместо Судски нека се формира Судо-шпед

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе