Вести Македонија Најважни

МВР објави фотографија од исчезнатата Вања: висока 175 см, со протези, облечена во син блузон и црна јакна

Министерството за внатрешни работи (МВР) во делот за потрага по исчезнати лица објави  фотографија и опис на Вања Ѓорчевска, 14-годишната ученичка која е исчезната вчера. За сите информации известувајте на броевите 112 и 192 или во најблиската полициска станица.

 „ЃОРЧЕВСКА ВАЊА, татко Александар, мајка Зорица, родена 27.2.2009 година во Скопје.

Исчезната на 27.11.2023 година во утринските часови на пат кон ООУ ‘Песталоци’ во општина Центар Скопје.

Опис: висина 175 см, тежина 58 кг, коса темнокафеава, очи кафеави, носи протези на горните и долните заби, има бенка на десна страна од лицето. Облечена во син блузон, црна јакна, црни фармерки со странични џебови, бели патики со кафеави линии. Со себе носи школски ранец и мобилен телефон ‘ајфон’“, стои во описот.

МВР интензивно трага по 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје откога вчера, во 8.35 часот, мајка ѝ пријавила дека е исчезната

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Целосно прекинат сообраќајот во двата правци на патниот правец Стенковец – Блаце а затворен и граничниот премин Блаце

Дејан Дејан

Рускиот министер за сообраќај претпладнево доби отказ, попладнево пронајден мртов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе