Вести Најважни Свет

Катар објави, Хамас потврди, Вашингтон поздрави – дополнителни два дена примирје во Газа

Катар објави, Хамас потврди, Вашингтон поздрави. Палестинската милитантна група се согласи за два дополнителни дена примирје во Појасот Газа, објавија официјални катарски претставници кои учествуваат во преговорите. Хамас потврди дека е постигнат договор со Египет и Катар и оти прекинот на огнот ќе биде на сила до четврток наутро по локално време. Според портпаролот на групата, условите остануваат исти како и за досегашното четиридневно примирје.

Израел претходно постави услов за ослободување по 10 заложници за ден без борби во енклавата. Во исчекување на реакција од израелски претставници, Белата куќа го поздрави договорот за продолжување на примирјето во Газа што ќе резултира со ослободување на уште 20 заложници.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху попладнево рече дека неговата земја ќе продолжи со своите цели за елиминација на Хамас, за ослободување на заложниците на милитантната група и спречување на секој напад во иднина врз Израел сличен на оној од 7 октомври.

Четиридневното примирје во Појасот Газа досега резултира со ослободување на 39 израелски заложници и 117 Палестинци од израелските затвори. Договорот овозможи и влез на камиони со хуманитарна и медицинска помош, храна, вода и гориво во енклавата.

Во нападите на Хамас на 7 октомври загинаа 1.200 луѓе, а околу 240 беа земени како заложници. Оттогаш, Министерството за здравство на Газа, управувано од Хамас, вели дека повеќе од 14.500 луѓе се убиени во одмаздничката кампања на Израел.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе