Регионот е погоден од снежни врнежи кои предизвикаа сериозни проблеми. Две лица загинаа во Бугарија, а едно во Молдавија, како последица на снежното невреме што ги зафати двете земји.
Бугарија вчера прогласи вонредна состојба во поголемиот дел од земјата, а силниот снег и снежната бура доведоа до прекин на електричната енергија во некои делови, главно на североистокот од земјата.
Според властите без струја останале над 1.000 домаќинства. Снегот и ветерот го попречуваат и патниот и железничкиот сообраќај во Романија.
Слична е ситуацијата и во Србија каде во неколку градови е прогласена вонредна состојба. Снегот кој веќе два дена непрекинато паѓа во Нова Варош, најмногу проблеми направи во електричната мрежа, па некои планински села повеќе од 48 часа се напојување со електрична енергија.
Српскиот претседател Александар Вучиќ нареди војската да помага во општините погодени од обилните снежни врнежи.
Во земјава расчистени сите патни правци
Во земјава расчистени се сите патни правци. Но сепак се препорачува внимателно возење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
Сообраќајот утрово на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Нов снег не’ очекува од вторник, кога температурата ќе се спушти и до минус 10 степени.
Метеоролозите најавуваат благо стабилизирање на времето од крајот на наредната недела.
Врнажите од дожд и снег за време на викендот помогнаа во расчистување на воздухот. Мерните станици за загадувањето на воздухот се во зелена боја.
Од министерството за животна средина велат дека неколку години веќе се инвестира во намалување на аерозагадувањето, но голем е бројот на домаќинства кои како гориво за греење користат пластика, гуми, паркети, и разни материјали кои во себе содржат лепак и бои.