Вести Најважни Свет

13 жени и деца заложници на Хамас предадени на Црвениот крст – се чека потврда од Израел

Израелските медиуми соопштија дека 13 жени и деца киднапирани од Хамас во нападите на 7 октомври се предадени на Црвениот крст. Ги превезуваат во автобус, и треба да стигнат до граничниот премин Рафах, во Египет. Нема информации каде е направен трансферот. Од таму ги чекаат израелските хеликоптери, кои треба да ги пренесат до Израел, каде со нетрпение ги чекаат нивните роднини. Но, заложниците ќе бидат најпрво распоредени низ неколку болници, каде ќе треба да се направат потребните медицински прегледи, но и психолошка проценка. Оној кој ќе биде во можност најверојатно ќе биде испрашан од безбедносните служби, за тоа каде престојувале, јавуваат медиумите.

Израелските медиуми во живо го следат настанот, кој следува по одлуката за 4 дневното примирје меѓу Израел и Хамас со цел да се предадат 50 израелски заложници во замена за 150 палестински затвореници.

Нивното ослободување доаѓа откако милитантите нешто пред 16 часот по локално време ги ослободија и 12 тајландски заложници кои беа земени од Израел.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ковачев: Постигната согласност да се отстранат термините „македонски јазик“ и „македонски идентитет“ од извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Одбиено обвинението против Максим Димитриевски

Дејан Дејан

Кривична пријава за сопственичка од Кавадарци за затајување данок

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе